Skip to main content
Хроника

Изгаснат пожарот во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово

27/10/2024  22:28

Пожарот кој избувна вечерва во комплексот “Манастир” во Берово е изгаснат, но предизвикана е голема материјална штета.

Екипи на ТППЕ Берово веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде е забележан густ чад. Поради сериозноста на пожарот побарана била помош од околните противпожарни служби и тоа од Делчево и од Кочани.