Skip to main content
Балкан

Извлечено е 14-годишно девојче од урнатините на Железничката станица во Нови Сад

01/11/2024  17:17

Во страшната несреќа која се случи денеска во Нови Сад кога се сруши настрешница од Железничката станица извлечено е 14 годишно девојче. Како што објави српски Телеграф на терен биле и полицајци, пожарникари, итната помош, багери и четири часа се бореле за нејзиниот живот.

При уривање на стариот влезен дел на Железничката станица во Нови Сад, како што соопшти Ивица Дачиќ, загинаа осум лица.

Вицепремиерот на Република Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека се извлечени осумте тела на загинатите во несреќата на Железничката станица во Нови Сад, кога се урна дел од настрешницата и нагласи дека акцијата за спасување е во тек.