Skip to main content
Свет

Избори во САД – Еве кој е фаворит во обложувалниците

05/11/2024  09:32

Денеска во САД се одржуваат претседателските избори, каде битката ќе се води помеѓу кандидатите на Републиканците – Доналд Трамп и Демократите, Камала Харис.

Последните денови излегоа различни анкети што само потврдија дека ниту еден од двајцата кандидати не е убедлив фаворит.

Но што велат обложувалниците?

Во светот веќе неколку години обложувалниците во својата понуда нудат обложување и на победник на изборите во САД.

Така е и оваа година.

Сепак светските (а и некои домашни) букмејкери даваат изразена предност на Трамп пред Харис.

Па така коефиционетот за победа на Трамп варира од 1,50 до 1.70 додека за победа на Харис тој е помеѓу 2.50 и 2,70.

Гласањето во САД веќе започна а првичните резултати се очекуваат утре рано наутро.