За прв човек на националниот парк „Пелистер“ Битола именуван е Иванчо Тошевски, кој ќе ја извршува функција в.д. директор.
Тошевски во јавноста е познат како голем вљубеник во планината, планинар. Го познаваме и од традиционалниот настан со симболично име „Први на први”, кога вљубениците во планината секоја година на 1 јануари имаат можност да го доживеат првото изгрејсонце во Новата Година на највисокиот врв на Баба Планина, Пелистер.
А, што се однесува до општествениот живот тој е поранешен советник во Советот на Општина Битола, кога и беше координатор на советничката група во манадатот од 2017 до 2021 година.
Исто така Тошевски во минатото ја извршуваше и партиската функција претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола.