Skip to main content
Македонија

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

26/11/2024  20:07

Бившата германска канцеларка Ангела Меркел ја објави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело кое ја разбранува светската јавност.

На повеќе од 700 страници, Меркел пишува за својот живот со фокус на 16те години додека беше канцеларка на Германија.

Во делото се спомнуваат многу државници од различни декади, но кога станува збор за регионот на Западен Балкан се појавува еден интересен факт.

Во своите мемоари единствен политичар од Балканот кого Меркел го спомнува е поранешниот македонски премиер Зоран Заев.

За него, Меркел пишува дека бил „храбар и одлучен“.

Во мемоарите, Меркел не ги спомнува ниту Александар Вучиќ, ниту Бојко Борисов, ниту Еди Рама, иако тие воделе поголеми држави од Македонија и имаат и подолг политички стаж од Заев.