Skip to main content
Балкан

Земјотрес ја стресе повторно Албанија утринава

29/10/2024  14:18

Утрото, земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Тирана.

MK Summit

Епицентарот на земјотресот бил на 19 километри од Тирана на длабочина од 10 километри.

Сè уште нема информации за повредени и за висината на материјалната штета.