Skip to main content
Балкан, Македонија

Земјотрес ги разбуди скопјани – Епицентарот во Албанија

12/12/2024  01:55

Земјотрес со јачина од 4.2 степен по Рихтер предмалку ја стресе Албанија, а истиот со голем интензотет беше почувствуван и во делови на Косово и Македонија, како во главниот град Скопје.

Длабочината на земјотресот е 10 километри, а истиот е со епицентар на 17 километри од Призрен, однодно на границата помеѓу Албанија и Косово.

Како што пријавуваат граѓаните земјотресот значително беше почувствуван и во Тетово, а траеше дури неколку секунди.