Skip to main content
Свет

Зеленски го претстави новиот украински ракетен дрон

10/12/2024  10:15

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, го претстави новиот украински ракетен дрон од домашно производство, способен да погоди цели оддалечени 700 километри, што е повеќе од двапати од дострелот на ракетите испратени во Украина од западните сојузници.

Дронот наречен „Пекло“, што на украински значи „пекол“, е вториот тип на таканаречен „ракетен дрон“ што го откри Киев оваа година, пишува Телеграф.

Беспилотните летала, кои летаат ниско како крстосувачки ракети, можат да достигнат брзина од 700 км/ч, објави украинскиот државен производител на оружје „Укроборонпром“ за време на церемонијата на предавање на ова оружје на украинските вооружени сили.

Британските и француските ракети „Сторм шедоу“ имаат дострел од околу 250 километри, додека американските ракети АТАЦМС можат да достигнат 300 километри.

Минатиот месец Владимир Путин тестираше нова хиперсонична ракета наречена „Орешник“, испукајќи ја кон реките Днепар во Украина. Ракетата прелета 800 километри, што беше одговор на нападите извршени со оружје испорачано од Западот.