Skip to main content
Хроника

Затвореници искршиле инвентар во канцеларија во Идризово

31/10/2024  16:25

На 30.10.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор-Идризово било пријавено дека околу 17.00 часот во канцеларија на полуотворено одделение во установата осудените лица В.К.(20) од Дебар, А.З.(21) од Скопје и А.А.(27) од с.Сарај,скопско, со тврди предмети искршиле дел од инвентарот.

Се работи на расчистување на случајот.