Од превентивни причини од 14:10 часот се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.
Поради дефект на автобус регионалниот пат Бунец-с.Леуново е затворен за сообраќај.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на Попова-Шапка и на планинскиот премин Стража, кој во моментов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.