
Вчера во 10:00 часот во полициска станица во Гостивар 20-годишната Т.П. од гостивар пријавила дека била нападната на каса во маркет на булевар „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар.
Ш.И. влегла во маркетот, почнала да се расправа, да ја навредува и се обидела физички да ја нападне. Во еден момент Ш.И. зела продукт од рафтот кој бил наменет за продажба и ја удрила.
Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.