Skip to main content
Свет

Едно лице загина, илјадници без струја по бурата „Дара“ во Велика Британија

07/12/2024  20:09

Еден човек загина кога дрво паднало врз неговиот минибус за време на силната бура „Дара,“ која денеска зафати делови од Обединетото Кралство.

Ветрови со брзина до 150 километри на час оставија илјадници домаќинства без струја, додека милиони граѓани беа предупредени да останат во своите домови. Железничкиот сообраќај е парализиран.

Полицијата извести дека несреќата се случила утрово околу 9 часот, кога дрво се урнало врз возилото на 40-годишен маж на автопат близу Престон, североисточна Англија.