Skip to main content
Магазин

Едина Муса и бившиот маж на Тамара направија свадба во познат скопски локал

30/11/2024  13:23

Поранешните кошаркари Едина Муса и Александар Димитровски-Мачка направија свадба во еден познат скопски локал.

Невестата која е во поодмината бременост блесна во припиена венчаница која ѝ го оцртува стомакот, а младоженецот одбра класичен костим.

На веселбата присуствуваа и двете деца кои Димитровски ги има со поранешната сопруга, поп-ѕвездата Тамара Тодевска.

Од споделените видеа на социјалните мрежи може да се види дека меѓу специјалните гости на свадбата бил Дарко Гелев-Брејк кој на младите им посака долг и среќен живот со безвременската балада „Лебедот бел“.

За микрофонот се фатил и Павле Камиловски, а меѓу познатите гости бил и шминкерот Александар Билјановски-Дадар.