Skip to main content
Свет

Европол: Разбиен синџир за трговија со дрога, запленети 5,8 тони кокаин

03/12/2024  12:32

Белгиската, колумбиската и шпанската полиција со поддршка од Европол открија голем синџир за трговија со кокаин од Колумбија до наркопазарот во Европска унија.

Во акцијата откриени и запленети се 5,8 тони кокаин и уапсени се 32 лица. Операцијата уследи по апсењето на два бегалци од италијанската мафија Камора во октомври во Колумбија.