Skip to main content
Магазин

Еве што му прави сокот од калинка на вашиот организам

20/11/2024  09:35

Ако сакате да го успорите процесот на стареење и да го зајакнете имунитетот, стручњаците препорачуваат редовно консумирање свежо цеден сок од калинка.

Оваа вкусна и хранлива напивка е вистински извор на здравје. Богата со витамин Ц, калиум, витамини А и Е, како и фолна киселина, сокот од калинка содржи и моќни антиоксиданси кои помагаат во борбата против слободните радикали.

Научните истражувања покажуваат дека редовната употреба на сок од калинка може да спречи бројни заболувања, додека нутриционистите советуваат да се пие свежо исцеден, без додаток на шеќер, веднаш по подготовката или во текот на истиот ден.

Сепак, важно е да се напомене дека оваа напивка не е погодна за сите. Поради можни интеракции со лекови, сокот од калинка не се препорачува за лица кои боледуваат од дијабетес, како и за оние кои земаат антидепресиви или други лекови.

Со умерено и правилно консумирање, сокот од калинка може да биде идеален сојузник за здрав и витален живот.