Skip to main content
Македонија

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

24/11/2024  21:48

Докторот Томислав Јовановски од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во вечерашната епизода на подкастот ЗРАК со Д-р Марина зборуваше за мастектомија и за реконструктивните оперативни зафати кај пациентки од канцер на дојка.

„Имаме различни реконструктивни опции. Може да зборуваме дали тоа ќе биде со автологно, сопствено ткиво или на база на импланти, се тоа зависи во однос на типот на карцином, фазата на болеста, во кој стадиум е откриена, типот на мастектомија, кога се јавила на преглед кај нас. Има повеќе опции за реконструкција и сите тие се извршуваат кај нас на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија“ посочи докторот.

Тој наведен и конкретен пример за двојна реконструкција на гради кај пациентка од канцер на дојка.

„Заедно со една наша колешка која беше дојдена со две колешки од Шведска, направивме двојна реконструкција на гради, со ткиво од стомакот кое се зема. ТЗри тима бевме вклучени во операцијата се направи реконструкција од сопствено ткиво од стомакот, од двете страни се зема ткиво се врза на градите каде има мастектомија и сега пациентаката има две гради кои се од нејзино ткиво и не се имплант и тоа е предност“ објасни Јовановски.