Skip to main content
Македонија

ДУИ ја поздрави одлуката на САД: Посветени сме на демократијата и транспарентноста

10/12/2024  10:43

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази почит кон одлуката на Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави со која на црната листа се ставени Артан Груби, поранешен вицепремиер на Северна Македонија, и Енвер Беџети, судија за Апелационен суд.

„Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави и на зајакнување на демократските вредности и транспарентноста“, се вели во официјалното соопштение на ДУИ.

Партијата нагласува дека партнерството со САД е клучно за напредокот на земјата во градењето на силни демократски институции и владеење на правото.