Skip to main content
Македонија

ДУИ кон Меџити: Две децении добиваше сѐ од партијата

05/12/2024  11:07

ДУИ во денешното соопштение го потсетува Меџити дека две децении ги држел највисоките позиции во Демократската унија за интеграција, а денес зборува за „разбивањето на митот за ДУИ“.

„Две децении, Меџити ги искористуваше позициите што му ги даде ДУИ – како потпретседател на партијата, претседател на огранокот на Чаир и три мандати како градоначалник – за остварување на личните интереси и интересите на неговиот фамилијарен клан.

Но, луѓето не се наивни. Албанците добро знаат дека Меџити е симбол на корупцијата, непотизмот и лошото владеење. Тој е лицето на она што го попречуваше развојот и напредокот на Албанците во Чаир и пошироко. Сега, со неговите празни зборови за ‘разбивање на митови’, тој се обидува едноставно да ја сокрие неспособноста и неуспехот да се прилагоди на новите стандарди за отчетност.

Тој нема никакво морално право да зборува за ова. Неговиот револт е всушност незадоволството што тој не можеше да биде дел од владата на ДУИ, а причината е јасна: тој не успеа да го помине тестот за интегритет и транспарентност што ДУИ и поширокиот процес на проверка за борба против корупцијата го бараат од секој претставник на партијата и на граѓаните“, велат од ДУИ.