Денеска, 7 ноември 2024 година, во 11:50 часот на улицата „Стефан Цветковиќ“ во Скопје, близу Народната банка, граѓанин пронајде машко дете на возраст од четири години кое било со тротинет и не зборувало. Околу 14:30 часот, детето било пријавено за исчезнато во Полициската станица Чаир. По брза реакција на службите, детето набрзо било предадено на родителите во Полициската станица Центар.
Во исто време, на Бит Пазар граѓани пронашле петгодишно девојче, кое веднаш било однесено во градинката „Фидани“. Мајката на детето била контактирана и го презела девојчето.