Skip to main content
Балкан

Драма во Зеница: Маж осуден за воени злосторства дошол во полициска станица и се заканувал со бомба

28/11/2024  11:35

Голема драма се одвивала утрово во Зеница, кога маж извадил рачна бомба откако се дознало дека е осуден за воени злосторства.

Според медиумите, Д.Х. (56) од Зеница престојувал околу осум часа во просториите на полициската станица за да ги оствари своите права.

„Од извршените проверки е утврдено дека тој се бара од страна на Општинскиот суд Зеница за издржување затворска казна бидејќи е осуден за воено злосторство“, изјави Самир Валентиќ, портпарол на МВР.

При обидот за апсење извадил рачна бомба и им се заканувал на полицајците.

„Потоа се оддалечил од просториите на полициската станица. Со брза интервенција на полициски службеници бил лоциран, лишен од слобода и спроведен во службени простории. За ова била известена и Судска полиција. Лицето ќе биде предадено во полиција, која ќе го одведе на издржување на казната. Делата што ги извршил утрово ќе бидат документирани од полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција“, додаде Валентиќ.