Skip to main content
Македонија

ДОМ: Владата да не го одолговлекува чистењето на линданот

29/10/2024  10:22

ДОМ – Демократска обнова на Македонија денеска преку соопштение до медиумите  изрази загриженост за пролонгирањето на расчистувањето на малата депонија со НСН изомери во поранешната фабрика ОХИС АД. За истата имаше изјави од министрите за животна средина дека ќе се расчисти до почетокот на 2023 година.

Дополнително обезбедените средства на 27-та седница (23.10.2024) на Владата во висина од 27.453.000 денари (400.000 евра) се минорни за целосно расчистување. УНОПС како имплементациона агенција која имаше обврска да мобилизира дополнителни средства за комплетна ремедијација на малата депонија досега не обезбеди средства и ДОМ очекува Владата во Буџетот за 2025 година да придвиди средства за конечно расчистување на малата депонија како би се намалило влијанието врз здравјето на луѓето и животната средина во Скопје, се вели во соопштението до медиумите.