
Вонредниот инспекциски надзор на Државниот и здравствен инспекторат не утврди пропусти во случајот кој го обелодени 24инфо со бебето старо осум дена кое почина пред неколку дена на Детската клиника, а беше донесено од Струмица.
Од Здравствениот инспекторат велат дека вонреден надзор бил направен и во Детската клиника и во струмичката болница, но и кај матичниот гинеколог на мајката. Бебето според лекарите од Детска било донесено во критична состојба и со тешка сепса.