
СВР Велес поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
– На 16.07.2024, пријавените неовластено присвоиле платежна картичка сопственост на О.Б.(62) и со неа во повеќе наврати вршеле плаќања и на тој начин предизвикале материјална штета во износ од 5.640 денари, стои во денешниот полициски билтен.