Skip to main content
Македонија

„Детски Парламент 2024“ – работилница за ученици од основните училишта

20/11/2024  08:41

Во Собранието денеска ќе се одржи работилницата „Детски парламент 2024“ за ученици од основните училишта во Република Северна Македонија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на отворањето на „Детскиот Парламент“ воведни обрачања ќе имаат Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието и Златко Атанасов, државен советник, раководител на Парламентарниот институт.

Во рамки на работилницата организирана е обиколка на зградата на Собранието, а учениците ќе се сретнат и со пратеници.

Како што посочуваат од Собранието, на работилницата ќе бидат презентирани изработени креативни паноа – порака до пратеник изразена низ мисла, стих, цртеж. Учениците ќе ја играат играта на улоги – улога на пратеник на тема „Замена на класичните учебници со електронски“.