
Снабдувањето со електрична енергија во Скопје е нормализирано по неколкучасовниот прекин, информираат од „Електродистрибуција“. Прекинот на струјата беше предизвикан од дефект во населбата Волково, каде испадна 10-киловолтен кабел, што резултираше со прекин во работата на неколку трафостаници.
Поради дефектот, без струја останаа населбите Ѓорче Петров, Волково, Стопански двор, Водно, Црниче, како и неколку околни села. Од „Електродистрибуција“ истакнаа дека екипите веднаш интервенирале за да го отстранат дефектот и да обезбедат стабилно снабдување за сите корисници во погодените подрачја.