Skip to main content
Скопје

Дел од една скопска општина утре ќе остане без вода

04/11/2024  14:51

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 05.11.2024 година (вторник) поради промена на два затворачи од ф – 150 мм на крстосницата меѓу булеварите Партизански Одреди и 8-ми Септември, без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. 8-ми Септември до ул. Никола Тесла.

Прекинот ќе трае во периодот од 08:30 часот па се до завршување на работата. Улиците се наоѓаат во општина Карпош.