На 25.11.2024 околу 09.40 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека при ископ со работна машина багер на тротоар на ул.„Живко Брајкоски“ во Гостивар, вработени во ЈП „Комуналец“ – Гостивар пронашле девет неиспукани гранати со калибар 100 мм кои потекнуваат од Првата светска војна. Полицискипри иско службеници од ОВР Гостивар извршиле увид со стручно лице – деминер од Дирекцијата за заштита и спасување, по што гранатите биле подигнати за понатамошна постапка, информираа од полицијата.
Девет неиспукани гранати пронајдени при ископ на тротоар во Гостивар
26/11/2024 12:24