Skip to main content
Спорт

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

24/11/2024  22:47

Кошаркарите на Босна и Херцеговина на крилата на навивачите ја совладаа Хрватска во четвртото коло од квалификациите за ЕП со 110:90. Надополнија минус од 13 бода од првиот меч и сега се многу блиску до пласман на ЕП. Во вториот натпревар од групата Франција лесно го совлада Кипар со 85:70.

Хрватите добро влегоа во натпреварот, му парираа на домаќинот и на полувреме имаа егал 50:50.

Нивната игра се распадна во вториот дел, поточно во третата четвртина, која БиХ ја доби со 33.13 и во решавачкиот период влезе со 20 поени предност.

Кај домашните најрасположен беше Кенан Камењаш со дабл-дабл учинок, односно 21 поен и 10 скока.

Го следеа Џанан Муса со 19 поени, три скока и пет асистенции, Александар Лазиќ (7ск) и Амар Алибеговиќ со по 18 поени, како и Амар Гегиќ со 16 поени, пет скока и четири асистенции и Един Атиќ со 12 поени. поени, пет скока и три асистенции.

Кај Хрватска се истакнаа Марио Хезоња со 28 поени, Лука Божиќ и Џелин Смит, имаа по 13.

Прва во групата е Франција со сите четири победи, по две имаат Босна и Херцеговина и Хрватска, додека Кипар е без победа.

БиХ сега има подобар скор од Хрватите бидејќи успеаја да надополнат -13 од Загреб.

Поради ова Хрватска е во сериозен проблем, бидејќи е во група со Кипар, кој како еден од домаќините на Евробаскетот автоматски обезбеди учество.

Тоа значи дека од групата Е на ЕП ќе се пласираа само две земји, а една од нив е Франција, која претходно во текот на денот обезбеди пласман.