Skip to main content
Музика

Дарен, синот на Тамара Тодевска наполни 6 години – пејачката со емотивна посвета

12/12/2024  11:43

Поп пејачката Тамара Тодевска е горда мајка на две деца, ќерката Хана и синот Дарен кој ги доби од бракот со кошаркарот Александар Димитровски – Мачка.

Дарен токму денеска полни шест години, а по тој повод, Тодевска објави неколку семејни фотографии со кои му го честиташе роденденот и му посвети емотивни зборови и желби.

„Среќен роденден љубовче мамино. Не можеш ни да замислиш колку те сакам. Остани така сладок и шеќерен засекогаш. Ти си нашето златно дете. Хана е најсреќна што те има баш тебе за нејзин брат. А и блесав си за медаља. Денес е твој ден. Биди ми здрав и жив“ – ова се слатките пораки кои Тодевска ги напиша на секоја од фотографиите.