Skip to main content
Хроника

Дал возило како компензација за изработка на мебел – останал без ништо

21/11/2024  16:33

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(23) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот, во мај 2022 година, со друго лице договориле меѓусебна компензација за изработка на мебел во вредност од 3.500 евра, а за истата сума оштетеното лице на пријавениот му го дал своето патничко возило „фолксваген голф“.

Пријавениот доцнел со изработка на мебелот и не му се јавувал на лицето, а во септември 2023 го продал неговото возило на авто плац и на тој начин го измамил лицето.