Skip to main content
Забава

Дали сакате ефикасно да изгубите тежина? Еве колку протеини треба да јадете дневно

22/11/2024  22:04

Слабрењето не значи гладување, а одржувањето калориски дефицит не значи прескокнување оброци или чувство на глад. Клучот е да се избере квалитетна храна. Како што објаснуваат нутриционистите, постои јасна врска помеѓу потрошувачката на протеини и слабеењето.

„Протеините обезбедуваат одржлива енергија и стабилно ниво на шеќер во крвта, што помага за поуспешно губење маснотии без ограничувања“, изјави нутриционистот и диететичар Адијана Кастро за Парад.

Протеинот е најзаситувачкиот макронутриент, па помага да се одржи чувството на ситост подолго време и да се намали желбата за нездрави грицки. Протеините исто така го поддржуваат одржувањето на мускулната маса и регулацијата на хормоните поврзани со апетитот, како што се GLP-1 и пептидот YY, што може да ја намали желбата за храна, додава Кастро. Диететичарката Елизабет Хагинс советува рамномерно да се дистрибуираат протеините во текот на денот за поефикасно управување со гладот.

Количината на протеини што треба да се консумира зависи од индивидуалните потреби, но општо правило е да се консумира најмалку еден грам протеин по килограм идеална тежина.

,За повеќето луѓе, полесно е да се стремат кон еден грам протеин по килограм идеална тежина“, вели диететичарката Аника Крист.

За да се олесни внесувањето, се препорачува да се започне со порции со големина на шаката со секој оброк и да се зголемува доколку е потребно.

За губење на тежината не е потребно откажување од омилената храна
Нутриционистите и диететичарите препорачуваат нутритивно богатите извори на протеини да бидат приоритет. Хагинс наведува храна како леќа, наут, грав, едамаме, тофу и темпе како одличен избор. Од животинските протеини, рибата, морските плодови, посно месо, јајцата и грчкиот јогурт нудат високо ниво на протеини заедно со дополнителни хранливи материи. Преработката на храна исто така игра улога – помалку преработените протеини, како што е свежото месо, се подобри од преработените, како што е сланината или преработеното месо.

За губење на тежината не е потребно откажување од омилената храна.

„Еден оброк нема да ви го уништи напредокот. Препорачувам да избегнувате рестриктивен пристап бидејќи може да го зголеми ризикот од прејадување“, советува Кастро.

Нутриционистите и диететичарите исто така ја нагласуваат важноста на другите хранливи материи, како што се влакната и незаситените масти, кои исто така помагаат за ситост и се поврзани со губење на тежината. Исто така, соработката со регистриран нутриционист може да ни помогне да најдеме рамнотежа помеѓу здравата исхрана и уживањето во храната.