Се уште не стивнуваат реакциите околу синоќешното сквернавење на македонското знаме, при прославата на Денот на албанското знаме.
Но се уште не стивнуваат нитубранувањата во Македонската Филхармонија.
Таму, како што се зборува со недели, треба да биде назначен нов директор кој треба да дојде од редовите на ВРЕДИ.
Со тоа, за првпат оваа национална институција ќе добие директор етнички Албанец.
Вработените во оваа институција не го кријат негодувањето од ваквата евентуална одлука, имајќи предвид дека вработени од оваа институција и претходно реагираа јавно, а наскоро истекува мандатот на В.Д. директорот поставен во јули оваа година.
Филхармонија е под надлежност на Министерството за култура предовдена од министерот Зоран Љутков.
Наскоро ќе се дознае дали за вчерашното понижување на македонското знаме, награда ќе биде за прв пат со Филхармонија да директорува етнички Албанец?