Skip to main content
Македонија

Груби: Посветено работев за членство во ЕУ и НАТО, одлуката на Стејт департментот ме засега директно и лично

09/12/2024  22:09

Поранешниот вицепремиер Артан Груби се огласи на социјалните мрежи откако вечерва се најде на црната листа на САД.

„Во недостиг на детални информации, дознав од медиумите за денешната одлука на Стејт департментот. Како човек кој мојот јавен живот го посветив на одбраната на западните демократски вредности и кој секогаш посветено работев за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, оваа одлука ме засега директно и лично.

Ќе се обврзам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме со години за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање. Транспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главниот столб на секоја моја акција“ пишува Груби