Skip to main content
Живот

Готвачот од Канал 5 води тешка битка со ракот – Немам друг избор освен да молам

12/11/2024  18:51

Готвачот кој се појави во кулунарска емисија на “Канал 5” се соочува со тешка животна битка, кога дијагностициран му е рак, а во исто време има и пневмонија. Антонио Јанковски се огласи на социјалните мрежи барајќи помош од граѓаните.

“Ова е резултатот кога канцерот и пневмонијата ќе се спојат, само коските остануваат. Во овие месец дена скоро повторно загубив килажа од што само ме шетаат од еден до друг доктор. Секој со свое мислење, а јас пропаѓам, веќе едвај дишам додека некој одлучи што со мене. Ако сте во можност, замолувам за некоја мала донација, зашто утрово отиде сè она што малку имав, а немам ни како да завршам сè што треба, па тоа е тоа. Ќе трпам додека оди, немам друг избор освен да молам вака со надеж дека ќе има хумани луѓе. Благодарам“, напиша тој на „Фејсбук“.

Ова е сметката на која можете да донирате.

Стопанска Банка

200004050431223

Јанковски пред неколку години проговори за ракот и за својата тешка животна приказна. Тогаш кажа дека по разделбата со сопругата, забележал израсток на телото, а подоцна ја добил страшната дијагноза.