Парите ќе течат како порој, тврди најпознатиот руски астролог Тамара Глоба. Според неа, еден знак од Зодијакот ќе се збогати на самиот крај на оваа, 2024 година.
Тамара Глоба направи астролошки предвидувања за крајот на годината, а нејзината прогноза особено ќе го развесели еден хороскопски знак на кој му најави голем финансиски успех до крајот на 2024 година. Еве кој е среќникот!
Рибите ќе доживеат финансиски бум и тоа веќе е добро во тек, започна на 2 декември. Овој период ветува дека ќе биде неверојатно продуктивен и богат со нови можности.
Тамара Глоба е убедена дека Рибите ќе пливаат во пари! Важно е да се напомене дека оваа среќа не е случајна, таа ќе биде резултат на правилни чекори и стратегиски осмислени одлуки, пишува Жена. А ѕвездите и планетите само ќе создадат поволна атмосфера за реализација на смели планови и инвестиции кои претходно изгледаа премногу ризични.
Сега интуицијата на Рибите е на врвот на својата моќ, па им помага да го направат вистинскиот избор дури и во најнепредвидливите ситуации.
Глоба истакнува дека за сечиј успех не е потребна само верба во среќата, туку и внимателно разгледување на предлозите. Финансискиот план изготвен однапред ќе ви овозможи да избегнете непотребни ризици и да ги насочите средствата во најпрофитабилните насоки.