Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека е завршен јавниот повик за доделување еднократна парична помош во висина од 2.500 денари за пензионери со старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија не повисока од 23.758,00 денари. На овој повик, 1735 пензионери аплицираа за еднократна финансиска поддршка од Општината која ќе биде исплатена до крајот на годината.
Герасимовски потенцира дека аплицирањето на 1735 пензионери за еднократна парична помош од 2.500 денари е важен чекор кон обезбедување на поддршка за време на новогодишните празници.
„Во период на новогодишни празници кога целото семејство заеднички прославува, овие денови можат да бидат и дополнителен финансиски притисок за пензионерите. Затоа, наша задача е да им го олесниме секојдневието. Интересот за јавниот повик беше навистина голем, верувам дека овие средства ќе им помогнат за празничниот семеен буџет”, вели Герасимовски.
Општина Центар продолжува да имплементира проекти преку кои ќе ја зајакнува локалната заедница, но и ќе го подобрува квалитетот на живот на сите граѓани.