Skip to main content
Скопје

Герасимовски: Потребна е заедничка стратегија на градот и општините за проблемот со загадувањето

20/11/2024  10:37

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потенцира дека е потребна стратегија на ниво на Град Скопје кадешто ќе се вклучи градот и сите општини во решавање на проблемот со загадувањето во Скопје.

MK Summit

Герасимовски потенцира дека се поставени филтри за прочистување на воздух скоро во сите основни училишта на територија на Општина Центар и со самите градинки.

„Дополнително, во градинките се поставени НАНО филтри на прозорците за прочистување на воздухот и планираме во текот на следната година да започнеме поставување филтри на прозорците и во самите училишта. Покрај садење на зеленило, покрај поставување на филтери за прочистување и надворешно прочистување на воздух, бараме начин да преку субвенции на тротинети и велосипеди ги менуваме навики за што поголем број на луѓе помалку ги користат возилата како превозно средство“, вели Герасимовски.

Тој истакнува дека градскиот превоз не ни е на задоволнително ниво коешто дополнително прави проблем и со загадување, но и со сообраќаен хаос низ општината и општините во градот.

„Бараме начин како општина да се справуваме со овој проблем. Имаме одреден план и стратегија што ги спроведуваме, но важно е да се вклучат сите општини заедно за решавање на овој заеднички проблем со загадувањето“, посочува Герасимовски.