Skip to main content
Скопје

Герасимовски: Отстранети 70 хаварисани возила во Центар, одличен одзив на граѓаните за нивна дислокација

05/12/2024  09:41

70 напуштени и хаварисани возила досега се отстранети од јавните површини на подрачејто на Општина Центар во рамки на акцијата која општината ја спроведува во соработка со ЈП „Паркинзи на Општина Центар” и МВР.

Општинските служби поставаија  опомени на 95 возила, од кои 30 се подигнати од пајак-службата на ПОЦ, 20 се отстранети од сопствениците, а дополнителни 20 возила се дислоцирани по телефонска  пријава од граѓаните.

Градоначалникот Горан Герасимовски им се заблагодари на граѓаните кои покажаа совесност и одговорност и се приклучија на акцијата.

„Целта е да се расчистат јавните простори, паркинг местата, тротоарите и другите површини од возила кои со години скапуваат и пропаѓаат. Апелирам до сите граѓани да ги пријават или сами да ги отстранат возилата кои не се во употребна функција или возна состојба. Возилата ќе бидат бесплатно транспортирани во депото и ќе им биде направена проценка согласно откупната цена за старо железо,” истакна Герасимовски.

Граѓаните можат да пријават хаварисани возила на бесплатниот телефонски број 076 350 767. Општина Центар информира дека акцијата ќе продолжи со несмален интензитет,  ослободувајќи простор за нови паркинг места и создавајќи поуредена и почиста средина за сите граѓани.