Skip to main content
Балкан

Вучиќ стигна во Нови Сад, полицијата апси демонстранти

05/11/2024  22:08

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ пред малку пристигнал во Нови Сад, јавуваат српски медиуми.

MK Summit

Тој одржал краток говор пред симпатизерите на неговата СНС по што влегол на состанок во штабот на партијата.

Во овој град попладнево се случија насилни протести поради несреќата со падот на настрешницата на железничката станица кога дел од демонстрантите ја демолираа градската куќа.

Припадници на полицијата во униформа и во цивилки почнаа да приведуваат дел од демонстрантите.