Skip to main content
Спорт

ВТА ја избра тенисерката на годината

10/12/2024  12:25

Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка е избрана за тенисерка на годината на ВТА. Оваа година тенисерката од Белорусија освои четири титули: Австралија опен, Синсинати, Ју-ес опен и Вухан.

Сабаленка во 2024 година освои две гренд слем титули и сега во својата колекција има три вакви трофеи.

Откако по третпат го освои турнирот во кинескиот град, таа стави крај на единаесетмесечното владеење на Ига Швјонтек на врвот на ВТА листата.

Сабаленка на овој начин го прекина две годишното владеење на Швјонтек. Американката Ема Наваро (38) е прогласена за тенисерката која најмногу напредувала. Годинава таа го освои турнирот во Хобарт, а има и шет полуфиналиња, вклучувајќи го и она на Ју-ес опен.

Најдобра дебитантка е Новозеланѓанката Лулу Сан, која како квалификантка стигна до четвртфиналето на Вимблдон, и напредуваше до 40. место на ВТА листата, иако во јануари не беше ниту меѓу Топ 200.

Во категоријата двојки награден е италијанскиот тандем Сара Ерани/Јасмин Паолини, која го освои олимпиското злато на Игрите во Париз.

Меѓународните тениски медиуми гласаа за најдобрите во 2024 година.