Skip to main content
Хроника

Во угостителски објект кај Тетовско приведени шест странски државјанки без дозвола за престој

01/12/2024  16:56

Полициски службеници од СВР Тетово ноќеска извршиле акциска контрола во угостителски објект на регионален пат Тетово – село Желино на излез од Тетово, каде биле затекнати вкупно 17 женски лица од кои една наша државјанка, и десет странски државјанки со дозвола за привремен престој за странци.

Како што соопшти МВР, во контролата која била спроведена ноќеска во периодот од 00:30-03:00 часот, исто така биле затекнати и шест странски државјанки со нерегулиран престој во државава – Б.В.(44), К.А.(20) и А.Н.(33) од Р.Украина, М.А.М(20) од Р.Романија, К.Н.(30) од Р.Казахстан и М.Л.А.(28) од Р.Франција, кои биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.