
Министерството за образование и наука потсетува дека од 1 до 5 декември 2024 година е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година.
Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, можат да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk.
Дополнителни информации:
- Условите и критериумите за остварување на правото се достапни на посочениот линк.
- За поддршка при аплицирањето:
- Контактирајте по е-пошта: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk
- Посетете ја канцеларијата на приземјето во зградата на Министерството за образование и наука.
Важно:
- Сите студенти на кои претходно им било прекинато правото, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат повторно да аплицираат.
- Овој рок е исто така отворен за студенти кои не аплицирале во претходните активни рокови.