
Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 115 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба и Ѓорче Петров, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Активностите се одвиваа на улицата Перо Наков во општината Гази Баба, каде што се отстранети 70 кубни метри непрописно одложен кабаст и мешан комунален отпад, како и на улиците Никола Парапунов во општината Карпош и Христо Батанџиев во општината Ѓорче Петров, каде што се подигнати вкупно 25 кубни метри отпад од диви депонии.
Подигнати се и 20 кубни метри претежно градежен како и мешан комунален отпад од дива депонија лоцирана на Кејот „13 Ноември“, во непосредна близина на Народната банка, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.
