Skip to main content
Балкан

Во Судот на БиХ продолжува судењето на Додик за „непочитување на одлуките на Шмит“

05/12/2024  11:46

Пред Судот на Босна и Херцеговина во Сараево денеска ќе продолжи судењето на претседателот на Република Српска Милорад Додик и вршителот на должноста директор на „Службен хералд“ Милош Лукиќ за „непочитување на одлуките на Кристијан Шмит“.

Денешното рочиште требаше да се одржи на 26 ноември, но беше одложено поради официјалниот престој на Додик во Австрија.

Бранителот на претседателот на Српска, Горан Бубиќ изјави дека одбраната ќе ги изнесе доказите кои следат по доказите на Обвинителството на БиХ.