Трагична сообраќајна несреќа се случила рано утрово на регионалниот пат Велес-Скопје, при што загинал 48-годишен жител на скопското село Ржаничино, соопшти МВР.
„Денеска (04.12.2024) во 07.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионален пат Велес- Скопје, во атар на нас.Дрма, скопско, возило „пежо партнер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(48) од с.Ржаничино, скопско, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција“, пишува во полицискиот билтен.