Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Г.М. (36) од Скопје за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, и против А.М. (42) од Скопје за кривично дело „соизвршителство“.
При претрес на 17.10.2024 во домот и помошните простории на Г.М., полициските службеници пронашле и одзеле голем арсенал оружје и муниција. Меѓу запленетите предмети се наоѓаат автоматска пушка со две рамки, револвер „Смит“ 357, пиштол „Сиг“ 226 со една рамка, пиштол „Берета“ калибар 9 мм со една рамка, ловна пушка, пиштол „Блов“ калибар 9 мм, како и 409 куршуми со различен калибар. Оружјето Г.М. го набавил од второпријавениот А.М., а го чувал без соодветна дозвола.