Skip to main content
Свет

Во Мексико 17 деца починаа од контаминирани кеси за инфузија

10/12/2024  22:20

Во Мексико 17 деца починаа од контаминирани кеси за инфузија. Шеснаесет од жртвите се предвремено родени бебиња и една 14-годишна девојка.

Мексиканското Министерство за здравство соопшти дека во контаминирани кеси за инфузија откриени се две бактерии, од кои едната отпорна на повеќе лекови.

Првите инфекции се пријавени на 22 ноември, а последната на 3 декември. Околу 20 други пациенти исто така заболеле од контаминирани кеси за инфузија и се излекувани.

Истрагата утврди дека бактериската контаминација се случила во фабрика во градот Толука, која ја произведувала инфузионата смеса. Фабриката е затворена, а прекината е употребата на инфузијата.

Ова не е прв случај во Мексико со контаминирана медицинска опрема. Во 2023 година уапсен е анестезиолог кого го обвинија за избувнување на менингитис, при што починаа 35 пациенти, а беа инфицирани 79 луѓе. Лекарот го носел морфиумот од една приватна болница во друга, ширејќи ја габичната инфекција, која го контаминирала лекот на првата клиника.

Во 2020 година, 14 луѓе починаа откако болница управувана од државната нафтена компанија на Мексико им дала на пациентите на дијализа лек, што бил контаминиран со бактерии. Повеќе од 69 пациенти се разболеле од контаминираниот лек.