Skip to main content
Свет

Во масакр во Мексико девет загинати, петмина повредени, напаѓачите пукале во штанд за храна

02/12/2024  10:00

Девет лица загинаа, а пет се повредени во пукање на штанд со храна во северно Мексико, јавуваат локалните медиуми, пренесува Анадолија.

Пукањето се случило во градот Апасео дел Гранде во државата Гуанахуато.

Според очевидци, напаѓачите прво пукале во вработените, а потоа по случаен избор кон луѓето во близина.

На подрачјето каде што се случи нападот беа распоредени голем број полицајци, а започна и масовна акција за апсење на напаѓачите кои избегаа.

Локалните медиуми објавија дека болничар е еден од убиените во пукањето.