Skip to main content
Балкан

Во животна опасност се тројца повредени од трагедијата во Нови Сад

01/11/2024  17:48

Три лица се примени во Универзитетскиот клинички центар во Војводина по уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад, сите три се во животна опасност, а двајца во моментов се во операциона сала, изјави директорката на оваа установа Весна Туркулов.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Таа изјавила дека првиот човек бил примен околу 14 часот, и веднаш бил однесен во операциона сала.

– Примени се две жени, првата е реанимирана и по стабилизирање е однесена на дијагностика, а се работи за многу тешки повреди опасни по живот – рече Туркулов.

Уште едно женско лице било интубирано и пристигнало во Ургентниот центар на Централната болница во Војводина, а исто така е во операциона сала.

Туркулов рече дека сите биле мобилни во рок од 10 минути и дека на местото на несреќата излегла комплетна екипа со анестезиолози и сета опрема, за евентуални ампутации, но за среќа немало потреба.

– Кај нас три лица се во многу тешка состојба, двајца се во операциона сала и се справуваат со многу тешки повреди опасни по живот – заклучи Туркулов.