Skip to main content
Македонија

Во Железара и Јурумлери ќе се мери квалитетот на воздухот

24/10/2024  14:29

Почнувајќи од денес на две локации во Гази Баба ќе се мери квалитетот на амбиентниот воздух, односно мерење на концентрацијата на цврсти честички со големина од 2,5 микрометри. Едната локација е урбана средина (населено место Железара), додека другата е рурална средина (населено место Јурумлери), а целта е добивање на компаративна анализа на квалитетот на воздухот во урбана и рурална средина.

– Мерењета ќе се спроведат во континиутет од 10 дена во сите временски сезони во текот на една година. Мерењета се прават согласно утврдените стандарди за земање на примероци МКС EN 14907:2006 а потоа ќе се изврши хемиска анализа на филтрите за да се утврдат изворите на загадување и да се направи ккомпарација на изворите во урбаната и руралната средина.По завршување на годишниот мониторинг ќе се направи Конечен извештај од кој ќе произлезат предлог мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, соопшти градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски.